Во Прилеп почнаа чествувањата за 23 години од „Карпалак“

од Nikola Popovski
18 прегледи

Со почит за 10-те загинати припадници на резервниот состав на АРМ пред спомен обележјето во Прилепската касарна и пораката „никогаш да не се повтори“, синоќа почнаа чествувањата за 23-годишнината од „Карпалак“. Денес е централното чествување пред Спомен-обележјето во центарот на Прилеп, каде ќе бидат одбележани 23 години од загинувањето на армиските резервисти: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Почит со положување цвеќе ќе им оддадат делегации на Министерството за одбрана, Генералштабот на Армијата и Собранието .

Од Министерството за одбрана најавуваат дека положувањето на венците со свежо цвеќе кај месноста Карпалак ќе се одржи во 09:00 часот, а во Прилеп од 13:00 часот.

Делегација на Собранието, во состав: Билјана Кузмановска, Миле Талевски и Павле Арсоски, ќе положи свежо цвеќе во 13:00 часот пред комплексот Карпалак во Прилеп.

На 8 август 2001 година армискиот конвој на патот Скопје-Тетово, кај месноста Карпалак беше пресретнат во заседа кога загинаа десетте прилепчани:

Слични содржини