Денеска во Прилеп протестираа работници од странската фабрика , „Гентерм“ која свечено ја отвори премиерот Груевски пред три недели. Работниците кои сопственикот ги ангажирал и ги пратил на обука, сега ги отшуштил.

125636

Според официјалното објаснување на менаџментот од „Гентерм“ тоа што не им се продолжени договорите на вработените се должи на фактот што сè уште не биле создадени услови за работа.
Компанија според најавите требаше да отвори вкупно 2.000 работни места.
Работниците на кои што не им беше продолжен договорот за работа се чуствуваат измамени. Остануваат на улица а голем дел од нив ги напуштиле претходните работни места поради ново отворената фабрика во нивниот град и ветувањата на власта дека станува збор за сериозен проект.

До 200 евра казна ако не поднесете Годишна даночна пријава во УЈП

Пред дваесетина дена фабриката ја посети и премиерот Никола Груевски заедно со директорот на ТИРЗ Виктор Мизо. Дадоа различни изјави кога официјално ќе стартува производството.

Слични содржини