Во Припијат украсена елка, првпат по големата катастрофа (ФОТО)

од Elena Daskalova
544 прегледи

За првпат по катастрофата во Чернобил, во центарот на Припијат е украсена новогодишна елка, јавува белоруската новинска агенција БелТА.

Елката се наоѓа пред некогашната Палата на културата „Енергетик“. Група луѓе доброволно заминале на специјализирана тура во изолираната ризична зона, каде го украсиле божикното дрво.

Летово, претседателот Зеленски потпиша декрет со кој се ограничува бројот на посетители на забранетата зона, а притоа беше прогласен т.н. зелен коридор за туристи.

Во 2019 вкупниот број на туристи кои ја посетиле забранетата зона бил околу 90.000. За популарноста на дестинацијата придонесе популарната серија на ХБО, „Чернобил“.

На елката покрај украси, се поставени фотографии од жртвите од големата нуклеарна катастрофа.

Слични содржини