Принцезата од Велс Кејт се заблагодари на јавноста за пораките за поддршка во нејзината прва јавна порака откако беше подложена на абдоминална операција во јануари.
„Ви благодарам за добрите желби и континуираната поддршка во изминатите два месеци“, напиша Кејт на платформата X.
Таа во пораката го честита и Денот на мајката кој денеска се слави во Велика Британија.