Стапката на слободни работни места во Македонија во првиот квартал годинава изнесува 1,38 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Најголем број слободни работни места, 2.025, има во петтата група занимања „работници во услужни дејности и продажба“.
Највисока стапка на слободни работни места има секторот „градежништво“ и изнесува 2,66 проценти, а најмала во „јавна управа и одбрана“, „задолжително социјално осигурување“, каде што изнесува 0,12 проценти.
Деловните субјекти со 20 до 49 вработени се со највисока стапка на слободни работни места.
