Во првите 4 месеци зголемен бројот на туристи во Албанија

од desk4
343 прегледи

Според извештајот објавен од Институтот за статистика (ИНСТАТ), во првите четири месеци од годинава, Албанија имаше рекордна посета од странски државјани. Вкупно 1,7 милиони странци ја посетиле земјата, што претставува раст од 57% споредено со истиот период минатата година. Најголем број од странските посетители, со 1.626.852, доаѓаат од Европа. Америка и Источна Азија/Пацифик следуваат со 36.265 и 9.767 посетители. Само во месецот април, имаше над 600 илјади странски посетители.

 

Истовремено, бројот на албански државјани кои патувале надвор од Албанија се зголемил. Според ИНСТАТ, во првите четири месеци имаше 1.957.678 албански државјани кои патувале надвор, што е зголемување од 30,3% во споредба со истиот период минатата година.

 

Претходната година, Албанија имаше вкупно 7,5 милиони странски туристи, што е рекорден број. Оваа посетеност беше за 1,9 милиони поголема според 2021 година и за 18% поголема според 2019 година, која досега го држеше рекордот по посетеност.

 

Слични содржини