Во прво читање усвоени измените во Законот за даноците на имот

од Andreja Salpe
217 прегледи

Пратениците на 34-та седница во прво читање го усвоија Предлог законот за измени и дополнувања на Законот за даноците на имот и го даде на понатмошна постапка.

Недвижниот имот кој не се користи од страна на сопственикот или не се издава под закуп подолго од шест месеци во текот на една година, а е во сопственост на државата, во сопственост на општините или на Град Скопје, како и во сопственост на физички и правни лица, да се зголемува за три пати во однос на стапките пропишани со Законот.

Исто така, за три пати во однос на основната, се зголемува стапката на данокот на имот на земјоделското земјиште кое не се користи за земјоделско производство. Оттука, практично во овој дел се предлага да се избрише одредбата со која стапката беше за пет пати повисока.

Дополнително, во предложените измени се пропишува и тоа дека државата, општините и Градот Скопје, како и физичките и правни лица, кои нема да пријават дека одреден недвижен имот не го користат, ќе платат данок кој ќе биде за пет пати повисок од пропишаниот.