Во Реал бесни, протече и разговорот на судијата со Винисиус: „Слушај, можеби згрешив…“

од Vladimir Zorba
43 прегледи

Реал Мадрид одигра 3-3 против Рaјo Ваљекано во натпревар по кој во Шпанија се појави приказна за судењето на Хуан Мартинез Мунуера, кој во една ситуација во 70. минута од натпреварот (при резултат 3-3) не покажа било што по дуелот помеѓу играчите Реј Мумин и Винисиус. Дури и домашниот тренер Иниго Перез призна дека можеби требало да се досуди пенал.

– Не сакам да лажам, мислам дека Мумин го удри Винисиус – изјави Перез, а Карло Анчелоти нема дилеми во таа ситуација: „Тоа беше чист пенал на Винисиус“.

Официјалната телевизија на Реал го нападна и судијата Мунуера и не го поштеди во анализата по натпреварот.

– Уште еден катастрофален судија кој не досуди два многу чисти удари од белата точка. Првиот, шут на Ѓулер кој не беше досуден, а вториот, шут на Мумин кон Винисиус за кој исто така не беше реагирано. Пред таа акција Винисиус галопираше во контра напад и го фатија. Тука Винисиус се вознемири и побара од судијата да покаже јавно предупредување. Можете ли да погодите на кој Мартинез Мунуера покажа жолт картон? Винисиус, кој го пропушта натпреварот против Севиља – истакнаа од РМТВ по натпреварот и продолжија:

– Но, валканата лига на Негреира не не повикува да зборуваме за фудбалот, таа не повикува да зборуваме за тоа дека секогаш има жртва, а тоа е Реал Мадрид, додаваат.

Дури и Флорентино Перез бил лут на судиската одлука, толку многу што клубот сакал да поднесе жалба до Федерацијата и до Техничкиот комитет на судии, пренесува Марка. Последното продолжение на ситуацијата дојде кога по контроверзната ситуација протече разговорот меѓу судијата Мунуера и Винисиус.

– Слушај ме, слушај ме… можно е да згрешив – му рекол судијата на крилниот напаѓач на Реал, пренесе Марка.

Во секој случај, мадриѓаните во среда ќе го играат финалето на Интерконтиненталниот куп, а на 22 декември ќе ја пречекаат Севиља во првенството.

Слични содржини