Во ресенско санкциониран пијан возач со измерени 4,07 промили алкохол

од Vladimir Zorba
188 прегледи

При засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола во текот на вчерашниот ден биле изречени 59 мерки за возење со брзина поголема од дозволената, 10 казни за управување возила без возачка дозвола и седум санкции за возење под дејство на алкохол, при што кај еден возач на подрачје на ресенското село Перово биле измерени 4,07 промили алкохол во крвта.

Како што информира МВР, изречени се и 10 мерки за непрописно паркирање, како и една мерка за некористење на сигурносен појас.

Слични содржини