📸Во ретко појавување, Џоли и синот (15) снимени пред продавница за миленичиња

од Vladimir Zorba
122 прегледи

Анџелина Џоли и нејзиниот 15-годишен син Нокс викендов се фотографирани во продавница за миленичиња. Мајката и синот беа забележани во населбата Лос Фелиз во Лос Анџелес.

49-годишната актерка ретко се гледа во јавноста по судската битка со нејзиниот поранешен партнер Бред Пит.

Во лежерното излегување со синот делуваше мистериозно, а идентитетот се обиде да го сокрие со наочари.

Бред и Анџелина заедно ги имаат биолошките деца Нокс, Вивиен и Шајло и три посвоени деца: Медокс, Пакс и Захара.

Сите деца неофицијално се откажале од презимето на својот татко Бред Пит, додека 18-годишната Шајло решила тоа да го направи официјално, на суд.

Освен Шајло, Захара и Вивиен повеќе не го носат презимето на нивниот татко, додека браќата Медокс и Пакс со години немаат никаква врска со својот татко.

Наводно, Џоли поднела барање за развод токму поради конфликтот на актерот со Медокс во приватен авион, кој потоа сакал да ја брани својата мајка. Поранешните сопружници се уште не успеале да се договорат за старателството на нивните шест деца. И покрај тоа што тројцата најстари, Медокс, Пакс и Захара, веќе не се малолетни, тие се расправаат кој ќе ги одгледа Вивиен и Нокс (15).

Но, се чини дека децата јасно кажуваат на чија страна се.

Слични содржини