Во Романија политичари масовно одат во затвор – поради глупоста на Настасе

од desk3
96 прегледи

Вчера стана јасно дека поранешниот спортски министер на Романија, Моника Јакоб Риѕи -оди во затвор за злоупотреба на службената положба и оштетување на државата со 800 илјади долари. Покрај Риѕи, во затвор оди и Елена Удреа, поранешен министер за туризам. Таа беше и пратеник во романскиот парламент.

0908552001408645691_457489_600x458_actualno

Во моментов специјализираното обвинителство во Романија го истражува и семејството на актуелниот романски премиер – Виктор Понта. Па не може да се каже дека станува збор за политичка чистка и расправа, категоричен е новинарот Владо Береану.

Од каде тргна сè – од Адријан Настасе. Тој се скарва со главниот обвинител на земјата, бидејќи обвинителниот истражува негов пријател. Затоа Настасе, како премиер,ја формираше новата единица на обвинители за борба против корупцијата и го оддели овој вид истраги од “нормалното” обвинителство, под изговор дека ги почитува препораките на ЕК за борба против корупцијата.

И токму таму доаѓаат млади правници – обвинители на по 30 години, кои се идеалисти и сакаат да работат. Доаѓа и добар романски министер за правда – Моника Маковеј, која ги охрабрува обвинителите да бидат независни и работите тргнуваат. Самиот Настасе веќе има две пресуди за далавера и оди во затвор, посочи Береану во утринскиот блок на Нова телевизија.

Запомнете дека во Романија беа осудени многу градоначалници, судски службеници, судии дури и беа направени многу промени во законите во Романија.

Овие обвинители можат да учествуваат лично во истрагите. Политичарите во Романија веќе им е страв да зборуваат со кого и да е, за да не паднат во видното поле на специјализираното обвинителство.