Во Романија повторно пронајдени фрагменти од руски дрон

од Nikola Popovski
48 прегледи

Во Романија повторно се пронајдени остатоци од руски дрон, соопшти романското Министерство за одбрана, пренесува „NewsMaker“.

Остатоците од дронот биле лоцирани во близина на каналот Личов, во близина на устието на притоката на Дунав.

„И покрај падот на дронот нема никакво уништување и нема повредени“, се наведува во соопштението.

Романското Министерство за одбрана ги осудило руските напади врз цивилната инфраструктура на Украина и остатоците од дронот биле испратени на испитување.

Претходно тамошното Министерство соопшти дека ноќта на 2 октомври во воздух биле лансирани два романски борбени авиони Ф-16 и два шпански Ф-18 за следење на ситуацијата во врска со уште еден напад на руски беспилотни летала на територијата на Украина.

Слични содржини