Во Русија скоро 300.000 се заразени со коронавирус

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Од почетокот на епидемијата се заразени 299.941 лица, а само во последните 24 часа се регистрирани 9.263 нови случаи.

3.988 новозаразени лица (повеќе од 43 проценти) немале клиничка слика за болеста, соопшти рускиот кризен штаб.

Веќе четврти ден, бројот на пациенти не надминува 10.000, а стапката на раст е 3,19 проценти.

Во последните 24 часа во Москва се регистрирани 3.545 нови случаи, а скоро 150.000 од почетокот на епидемијата. Загинаа 71 лице, вкупно 1.651.

Министерството за здравство на Русија привремено го прекина редовното вакцинирање на населението како резултат на епидемијата на коронавирус.

Заменик-министерот за здравство Олег Гриднев изјави дека заради епидемијата има голем товар за имунитетот и дека реакцијата на организмот на Ковид-19 е многу проблематична.

Во Русија неработните денови се укинати од 12 мај, а гувернерите ќе ги ублажат мерките за изолација, во зависност од епидемиолошката состојба.