Повеќе од 300 злосторства поврзани со тероризам се спречени во Русија во последните пет години и запленети се околу 6.000 тони експлозив, изјави помошник секретарот на Советот за безбедност на Руската федерација, Алексеј Павлов.
Павлов тоа го потврди во интервју за руските медиуми по повод 25-годишнината од основањето на Советот.
– Со соодветни мерки кои ги презедоа безбедносните и полициските служби спречени се повеќе од 300 терористички злосторства во последните пет години, истакна Павлов.
Тој нагласи дека во рамки на специјалните мерки и антитерористичките операции во Северен Кавказ во период од 2012 до 2016 година се убиени над 1.200 екстремисти кои давале оружен отпор, вклучувајќи и 201 лидер. Павлов додаде дека вкупно се приведени 3.600 екстремисти, а 304 екстремисти и нивни приврзаници успешно се убедени да прекинат со нелегалните дејствија.