Во Русија започна вакцинацијата на животни против ковид-19

од Stefanija Kuzmanovska
313 прегледи

Вакцинацијата на животни против коронавирусот започна во Русија, изјави советникот на директорот на Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор, Јулија Мелано.

Таа прецизира дека вакцинацијата на домашни миленици започнала во неколку руски области.

„Првите испораки на единствената вакцина против коронавирусот за животни во светот, карнивак-ков развиена од руски научници, пристигнаа во руските градови, со цел да се спречи ширењето на инфекцијата меѓу животните“, рече Мелано, пренесува Тасс .

Карнивак-ков е единствената регистрирана вакцина против ковид-19 за животни во светот.

Тој препарат е развиен од Федералниот центар за здравје на животните и Федералната служба за ветеринарна и фитосанитарна супервизија, а е регистриран на 31 март.

Клиничките испитувања, кои започнаа во октомври минатата година, беа извршени врз кучиња, мачки, лисици, визони и други животни.

Слични содржини