222
Во руското гранатирање на Херсон, погодена е здравствена установа, загина лекар, а медицинска сестра е ранета, соопшти шефот на градската управа Роман Мрочко.
„Погодена е една од здравствените установи, убиен е млад лекар кој работел само неколку дена, а ранета е медицинска сестра за чиј живот сега се борат лекарите“, навел Мрочко на својот Телеграм канал, пренесува „Интерфакс Украина“.
Во средината на ноември минатата година руските сили се повлекоа од Херсон, град на југот на Украина, кој го окупираа во март минатата година, пренесува „Танјуг“.