Во рувото на “убавата жена“ за 136 фунти

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Речиси три децении по излегувањето на филмот “Убава жена” хероината на Џулија Робертс во лентата останува најнезаборавната нејзина улога. И причината не е само глумата на талентираната Американка, туку и бескрајните нејзините нозе и тенка половината, кои се гледаат во целата своја убавина под откроеното парче ткаенина, со што таа се појавува уште во првите минути на филмот.

Хероината – проститутката Вивиен, успева да го маѓепса херојот на Ричард Гир во мини фустанче од два дела – бела маичка и сино здолниште, кои се соединуваат во областа на папокот со метален круг. 27 години подоцна “фустанот” повторно ќе ги искушува мажите, бидејќи моделот веќе се нуди на пазарот од брендот ASOS во колаборација со дизајнерот Hunza G за сума од 136 фунти.

Фото: Sportsphoto.Ltd/ASOS

И додека облеката на Вивиен е во целосно во сина и бела, нејзината сегашна реплика се нуди во три варијации – црна, црвена и кралско сино. Сè останато го копира целосно оригиналот, што значи дека фустанот е погоден за дами со совршена фигура.

Кога Робертс ја одигра улогата на проститутката Вивиен, таа имаше само 22 години. Улогата ѝ носи номинација за “Оскар” во категоријата “Најдобра актерка” и ѝ го отвора патот  кон Холивуд.