Во сабота ќе биде пуштен експресниот пат Страцин-Крива Паланка

од Nikola Popovski
157 прегледи

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски вчера изјави дека очекува 2025 година да биде поуспешна од 2024. Според него, претходната година е завршена со подобри резултати од очекувањата, кога станува збор за економскиот план.

Премиерот информира дека очекува инвестици од над милијарда евра и буџетски дефицит под 4 проценти.

-Очекувам параметрите во економијата во 2025 година да бидат подобри од тие што се во 2024 и растот на БДП да дојде до близу 4 проценти, помеѓу 3,5 и 4 проценти, иако проектираниот е на 3,7 проценти, рече Мицкоски, на новинарско прашање по пуштањето во употреба на новиот скијачки центар „Михајлово“.

Најави дека в сабота ќе биде пуштен експресниот пат Страцин (Чатал) – Крива Паланка, а во втората половина на месецов и делницата од експресниот пат Градско-Фариш, како и првиот дел од пругата кон Бугарија, Куманово-Бељаковце.

Според Мицкоски, забрзано се работи и на автопатите на Коридорот 8 и Коридорот 10 д.

-Патот Гостивар-Букојчани се работи, очекувам да заврши тендерот којшто ќе ги поврзе Букојчани со автопатот Кичево-Охрид. Исто така забрзано се работи на патот Прилеп- Битола, очекувам да почне Тетово-Гостивар и Требениште – ГП Ќафасан по нова рута бидејќи сегашната навлегува во делот што е заштитен од УНЕСКО, изјави Мицоски.

Слични содржини