Во САД најавени тужби против Тикток: Алгоритам ги наведува децата на самоубиство

од Stefanija Kuzmanovska
144 прегледи

Кинеската социјална мрежа TikTok се соочува со бран тужби во САД поради нејзиниот алгоритам, за кој обвинителите тврдат дека ги наведува децата и ранливите луѓе да извршат самоубиство.

Во рамките на персонализираниот фид, TikTok им препорачува содржина на корисниците кои зборуваат за депресија, безнадежност, смрт и други мрачни теми, пренесува Bloomberg. Претседателот на таа компанија, Шо Чу, минатиот месец мораше да одговара на непријатни прашања во американскиот Конгрес поради споменатите контроверзи.

Родителите на американскиот тинејџер Чејс Наск (16), кој се самоуби минатата година, наводно под влијание на мрачна содржина препорачана од TikTok, во март поднесоа тужба против компанијата.

Родителите на Чејс Наск, врз основа на податоците од неговиот телефон, тврдат дека тинејџерот не барал активно таква содржина, туку дека тоа му било предложено од алгоритам.

Оригиналниот алгоритам на Tiktok кој препорачува содржина е креиран од група инженери во Кина кои работат за ByteDance, компанијата која е сопственик на TitTok, но сега се користи насекаде во светот освен во самата Кина, додаде „Блумберг“.

Во Кина, невозможно е да се преземе апликацијата TikTok.

TikTok тврди дека неговиот алгоритам сега го одржуваат тимови инженери ширум светот, од Северна Америка, Европа и Азија.

Околу десетина луѓе кои биле вработени во TiTkok тврдат дека клучевите од алгоритмите сè уште ги држат шефовите и инженерите во Пекинг.

Слични содржини