Претендентот за функцијата заменик-шеф на Министерството за правда на САД Род Розенстајн допуштил дека може да биде назначен специјален обвинител за истрагата на можните врски на тимот на претседателот Доналд Трамп со Русија, соопшти весникот USA Today.

Тој требало да го стори тоа, ако “почувствува дека е соодветно”. Розенстајн исто ветил да спроведе и истрага за “руската интервенција” на претседателските избори во САД.