Во САД нови 37.451 заразени и 1.091 мртви

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) објавија уште 37.451 нови случаи на коронавирус во САД, со што вкупниот број на заразени достигна 6.381.013.

Уште 1.091 луѓе починаа, така што вкупниот број на жртви во САД достигна 191.353, додава ЦДЦ.

Ројтерс потсетува дека овие податоци за ЦДЦ не се совпаѓаат нужно со бројките пријавени од сојузните држави во САД, пренесува Танјуг.

Слични содржини