Американската компанија за производство на спортски чевли Saucony претстави специјална верзија на моделот Courageous наречена Bacon & Eggs, соопшти Highsnobiety. 
Патиките се заеднички производ на Saucony и бутикот Feature и ќе можат да се купат само во продавница во Лас Вегас на лице место и онлајн.
Продажбата стартува на 10 декември, а цената на “порција” Bacon & Eggs е 120 долари. Предната страна на патиките е од сатен и превртена кожа, а страничните делови – од велур.
На едната влошка има стилизирани јајца, а на другата – парче сланина. Тонот на бојата потсетува на онаа на традиционалниот американски појадок – нежно розова како шунка и бело-жолти капки.
Фирмата Saucony е основана во 1898 година. Во моментов е дел од чевларската корпорација Wolverine Worldwide, која е сопственик исто на Wolverine, Hush Puppies, Keds и Merrell. Корпорацијата прави чевли за американската армија, за Caterpillar и Harley-Davidson.
