Во САД одобрена вакцинацијата против ковид на деца постари од шест месеци

од Stefanija Kuzmanovska
258 прегледи

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) одобри вакцинација на деца на возраст од шест месеци до пет години со вакцини против ковид 19 од производителите Moderna и Pfizer. На овој начин се отвори патот за вакцинација на најмладите во Америка.

Рејчел Валенски, директорката на ЦДЦ, рече дека „силно препорачува“ родителите да ги вакцинираат своите деца против ковид 19.

– Знаеме дека милиони родители и старатели едвај чекаат нивните деца да ја примат вакцината, а по денешната одлука тоа ќе биде можно – рече Валнески.

Во групата од шест месеци до пет години има околу 18 милиони деца во САД.

Pfizer вакцината за најмладите е иста како и за возрасните, со тоа што се дава една десетина од дозата која се дава на возрасни.

Вакцината се дава во три дози. Интервалот помеѓу првите две е две недели, додека третата се прима најдоцна два месеци по втората доза.

Вакцината на Moderna за деца е всушност четвртина од истата вакцина за возрасни и се дава во две дози со разлика од четири недели.

Америка е првата земја што одобри вакцинација на најмладите против ковид 19.

Слични содржини