Маскираните одмаздници во жолта верзија, херој од продолжението на “Големата Лего авантура”, овој пат “LEGO филмот: Бетмен” на “Ворнер Брос” ја води на листата за кино-доларите оваа недела во САД и Канада.
Тој собра 43 милиони долари за долгиот викенд во САД и има веќе 107,5 милиони вкупно за двете недели на големиот екран во САД и Канада.
Еротската сага “Педесет нијанси потемно”, вториот филм од трилогијата на книгите на Британката Е.Л.Џејмс, се смести на второто место втора недела со 24 милиони долари приходи, очекувани помеѓу петокот и понеделникот вечерта, неработен ден во САД. Тој има вкупно 92,5 милиони долари.
Кинеско американската продукција “Големиот ѕид” разочара со излегувањето на големиот екран со 21 милион долари приходи и покрај изобилството на чудовишта, битки и специјалните ефекти. Филмот во 3D е најскапиот филм некогаш направен во Кина, со буџет од 143 милиони евра.