Во САД пуштија на пазарот пиво со вкус на бисквити „Орео“

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Пиварата со седиште во Вирџинија “The Veil Brewing Co.“ соопшти дека создала пиво и вкус на колачиња “Орео“.
Ова станува јасно од профилот на компанијата во Инстаграм, која го пушти доцна синоќа новиот производ наречен Hornswoggler.

Пивото е со додадени чоколадо и млеко и веќе е хит меѓу љубителите на пиво и десерти.

Тоа ќе биде прилично слатко, бидејќи производителите предупредуваат за “некои остатоци од ферментирани шеќери во пивото”. Илјадници луѓе се наредија на редици пред продавниците на подготовка, за да се здобијат со чудниот пијалак.

Првата продукција била распродадена за само неколку часа. “Чекањето си чинеше толку вкусно нешто”, пишува на Твитер еден од фановите на новиот производ.

Друг корисник додава дека пивото е како создадено од самиот Вили Вонка. Некои дури одредуваат пивото како “апсурдно вкусно”.

Еден не особено информиран купувач пак го смешал пивото со сладолед. The Veil Brewing Co. е позната по своите експериментаторски склоности, додавајќи кон пивото состојки како цреши, малини, црвен портокал.