Во Сараево во моментот има 113 заболени од морбили, но од речиси 120.000 жители на возраст од 0 до 30 години, вакцинирани се помалку од 50 отсто.

Откако вчера беше објавена веста за починатото бебе, во главниот град на БиХ расте стравот од болеста.
Инаку, бебето починало во понеделникот, а родителите и јавноста дознаа за тоа во четврток, па тоа доболнително ги влошува работите.
Сараево прогласи епидемија, во болниците дневно се примаат десет нови заболени од морбили, а властите повикуваат луѓето да се вакцинираат.
Во однос на бројот на жители и невакцинирани, теоретски можно е да заболат од морбили 60.000 лица, а здравствените власти се надеваат дека до тоа нема да дојде.
Заводот за јавно здравство апелира до сите да се вакцинираат, и да се примат вакцини и за другите болести кои се на календарот.