Во Саранда уапсени македонски државјани поради кражба

од Vladimir Zorba
370 прегледи

Албанската полиција привела двајца македонски државјани, момче и девојка поради кражба на плажа во познататиот приморски град Саранда.

– Две лица со македонско државјанство, идентификувани како Давид Шапуриќ и Сандра Нешковска, се приведени од полицијата во Саранда, објави Ора њуз.

Според полицијата овие лица во реонот на плажата наречена „Суво дрво“, на грчка државјанка и ја украле чантата во која имало два мобилни телефони, три пара очила, паричник со пари и други лични предмети.

– Како резултат на брзото администрирање на пријавата на грчка државјанка, на 17 месецов, полициската станица Саранда овозможи идентификација, откривање и апсење на осомничените сторители на случајот, државјаните Д.Ш.(24) и С. Н.(28) двајцата жители на Северна Македонија, соопшти полицијата.

Се додава дека истрагата продолжува за откривање на можната нивна поврзаност со други кражби.

Процесните материјали се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност Саранда, за понатамошни дејствија, за кривично дело „кражба“, извршено во соработка.

Слични содржини