157
Температурата на воздухот во селото Жилинда во Јакутија денеска се спушти на минус 61 Целзиусов степен, објавено е на веб-страницата на одделението за хидрометеорологија во таа руска република во источен Сибир.
Според метеоролозите, температурата во девет области на Јакутија е минус 45 степени и пониска, пренесува РИА Новости.
Во главниот град Јакутск е минус 42 степени.