Во Серија „А“ се случи нешто невидено во изминатиов пола век

од Vladimir Zorba
202 прегледи

Нешто невидено во изминативе 51 години се случи во првото коло од новата сезона во Серија „А“. Ниту еден од натпреварите во колото не заврши нерешено. Од десетте натпревари, на пет победија домаќините, на пет гостите. Последното такво нешто се случи во сезоната 1971-72, но разликата е во тоа што тогаш италијанското првенство го сочинуваа 16 екипи и соодветно се одиграа 8 натпревари. Тогаш во првото коло 6 победи запишаа домаќините и 2 гостите.

Ова е четврти ваков случај во историјата на Серија „А“. Освен сезоната 1971-72, имаше уште два наврати кога немаше нерешено во првото коло на Калчото. Ова се случи во 1933-34 и во 1934-35 година.

Првото коло во Серија „А“ беше необично и од друга причина. Никогаш досега во историјата сите осум екипи кои минатата сезона завршија на првите 8 места во конечниот пласман не ги добиле своите први натпревари од новата кампања. Сепак, тоа сега е факт откако Милан, Интер, Наполи, Јувентус, Лацио, Рома, Фиорентина и Аталанта забележаа победи во своите дуели.

Слични содржини