Во Севена Европа се појави подваријанта на Омикрон

од Milan1

Додека целиот свет се бори омикрон, подваријантата омикрон веќе забрзано се шири на северот на Европа и во Австрија.

Подваријантата „БА.2“ ги зафати Норвешка, Шведска и Велика Британија, а во Данска го потисна основниот вид „БА.1“ и стана доминантен.

Засега не се знае многу за подваријантата на сојот омикрон, изјави генетичарот Урлих Елинг за австриската агенција АПА.

Тој наведува дека мутацијата на соевите покажува дека само широко заснован имунолошки одговор води кон ендемија.

Се претпоставува дека новата подваријанта би можела подобро да го пробие имунитетот стекнат со претходна болест или вакцина.

Појавата и ширењето на подваријантата може да доведе до двоен удар, но според австриски генетичар, оние кои веќе се заразиле со омикрон не би требало да бидат заразени со варијантата „БА.2“.

Слични содржини