Во северниот дел на Косовска Митровица мирно, но тензично: Граѓаните се разотидоа

од Stefanija Kuzmanovska
279 прегледи

По влегувањето на косовските полицајци, во северниот дел на Косовска Митровица од утрово е мирно. Нема инциденти, но постои напнатост. Во северниот дел на Косовска Митровица е мирно, а насобраните граѓани се разотидоа, пишува РТС.

Косовската полиција најави дека во наредните денови ќе го зголеми присуството на северот и изјави дека тоа е со цел да се одржи јавниот ред.

Потсетуваме, неутврден број припадници на косовската полиција синоќа од југот влегле во Митровица и зазеле неколку важни точки во градот.

Засега нема официјални информации за бројот на полициски службеници. На видеата од Митровица се гледаат најмалку неколку десетици косовски полицајци, додека белградските медиуми јавуваат дека биле вкупно „неколку стотини“.

Според она што полицајците му го кажале на репортерот на веб-страницата „Косово онлајн“, директивата што ја добиле била „да се обезбеди безбедност“.

Веб-сајтот „Косев“, повикувајќи се на свои извори, објави дека припадниците на косовската полиција го зголемиле своето присуство во Северна Митровица врз основа на пријавите на граѓани од албанска националност во последните неколку дена дека чувствуваат дека нивната безбедност е загрозена.

„Албин Курти продолжи со незаконски и насилни акции насочени кон окупација на северот на Косово“, изјави синоќа на вонредна конференција директорот на Канцеларијата за Косово, Петар Петковиќ и нагласи дека „Курти сака да предизвика насилство и да го избрка српскиот народ од Косово, каде напаѓа градинки, луѓе во Велика Хоча“.

„Белград ќе го разгледа враќањето на до 1.000 припадници на безбедносните сили на Косово според резолуцијата 1244“, рече Петковиќ и ѝ порача на меѓународната заедница „дека не треба да биде изненадена од одлуките на Белград, кој е решен да го зачува српскиот народ во јужната покраина“.

Слични содржини