Во Шангај масовно тестирање на ковид до крајот на јули

од Stefanija Kuzmanovska
310 прегледи

Властите во кинескиот град Шангај бараат од сите нивни 16 окрузи да вршат масовно тестирање на Ковид-19 секој викенд до крајот на јули.

Градскиот функционер Зао Дандан денеска изјави дека сите окрузи ќе организираат „тестирањa во заедницата“ секој викенд, пренесува „Ројтерс“.

Беше објаснето дека доколку округот открие било каков пренос на коронавирус во заедницата во текот на неделата, ќе биде неопходно да се спроведе „целосно тестирање“ при што ќе биде на сила ограничувањето на движењето за сите жители додека не се заврши целосната проверка, наведе британската агенција.

Шангај и Пекинг во саботата издадоа нови предупредувања поради Ковид-19, а делови од тие кинески градови повторно воведоа мерки за затворање и најавија масовни тестови на коронавирус за милиони жители.

Слични содржини