Во Шенжен забранија јадење на мачки и кучиња

од Stefanija Kuzmanovska

Кинескиот град Шенжен забрани јадење кучиња и мачки, како дел од справувањето со трговијата со диви животни уште од појавувањето на новиот коронавирус.


Властите во Центарот за технологија во Јужна Кина велат дека забраната за јадење кучиња и мачки ќе стапи во сила на 1 мај.

„Кучињата и мачките како домашни миленици воспоставија многу поблизок однос со луѓето од сите други животни, а забраната за консумирање кучиња и мачки и други миленици е вообичаена практика во развиените земји и Хонг Конг и Тајван“, изјавија во средата градските власти.

„Оваа забрана одговара и на побарувачката и духот на човечката цивилизација“, додаваат оттаму.

Највисокото законодавство на Кина на крајот на февруари објави дека ќе воведе мерки за забрана на трговија и консумирање на диви животни.

Слични содржини