Шкотските власти во средата пријавија скоро 2.000 случаи на коронавирус поврзани со следење на натпревари на Европско фудбалско првенство на стадиони, јавни собири, пабови или приватни домови.
Податоците се фокусираат на првите две недели од Европското првенство, кога репрезентацијата на Шкотска одигра два натпревари на „Хампден парк“ во Глазгов и еден во Лондон.
Шкотскиот институт за јавно здравје објави дека се регистрирани вкупно 1.991 случај на коронавирус, од кои 1.294 заразени патувале во Лондон на мечот против Англија на 18 јуни.
Исто така, откриени се 55 позитивни случаи поврзани со навивачката зона во Глазгов, 38 заразени лица го гледале натпреварот против Хрватска, а 37 против Чешка.
Позитивните случаи се поврзани со Европското првенство дури и ако заразеното лице присуствувало на неформален собир. Приближно три четвртини од заразените се на возраст од 20 до 39 години, а во девет од десет случаи се мажи.