230
Шпанската полиција денеска соопшти дека уапсила еден од десетте најбарани бегалци од списокот на американското Федерално биро за истраги (ФБИ), државјанин на Нов Зеланд, осуден на доживотен затвор за детска порнографија, сексуална експлоатација и сексуален напад во САД.
Мајкл Џејмс Прат се наоѓал во хотел во Мадрид, каде што престојувал под лажен идентитет, објави „Ројтерс“.
Полицијата соопшти дека уапсениот во периодот од 2012 до 2019 година се занимавал со аудиовизуелна продукција на порнографија, на тој начин што регрутирал малолетни девојки и млади жени, а потоа ги измамувал.