Во Шпанија го туркаат јаловиот Бензема кон Ливерпул

од Vladimir Zorba
189 прегледи

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, може да се најде во нов тим од другата сезона, ако се верува на шпанското издание, со тенденција кон сензации „Дон Балон“. Според медиумот, Ливерпул е многу реална можност пред францускиот фудбалер кој е омилена жртва на мадридските изданија.

30-годишниот фудбалер е сметан за еден од најголемите виновници за кризата која владее во Реал Мадрид во сезоната 2017/2018. Напаѓачот има 26 официјални натпревари во кампањата, во која успеа да стигне до скромни 7 гола.

Изгледа деновите на слава со екипата на „лос меренгес“ се неповратни, па затоа Реал ќе бара начин да се ослободи од него. „Дон Балон“ самоуверено тврди дека менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, го сака Бензема во неговиот тим, бидејќи верува дека може повторно да го открие својот гол инстинкт. Германецот е уверен дека Премиер Лигата уште еднаш ќе го претвори поранешниот ас на Олимпик Лион во светска ѕвезда.

Во исто време, тој не е подготвен да плати повеќе од 35 милиони фунти за него.

Трансферот сепак ќе предизвика немир кај „црвените“ навивачи, откако Бензема крие многу ризици, и не само поради неговата напредна возраст. Во последниве години, Ливерпул е сериозно повреден од таков обид за заживување на кариерата на друг напаѓач, Марио Балотели.

Италијанецот помина две кошмарни сезони на „Енфилд“, а втората од нив беше под кирија во Милано, откако во 23 официјални натпревари постигна само 1 гол.

Слични содржини