Во Шпанија: Реал Мадрид подготвува сензационално бегство од Ла Лига

од Vladimir Zorba
67 прегледи

Реал Мадрид ја разгледува можноста да ја напушти шпанската лига и да игра во друго национално првенство. Причина за ова е пристрасниот однос на судиите кон „белиот балет“, пренесува Sport.es.

Според информациите, има сериозен конфликт меѓу шефот на Ла Лига Хавиер Тебас и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез. Шпанското издание тврди дека Реал Мадрид ја разгледува можноста да се пресели во германската Бундес лига, италијанската Серија А и француската Лига 1.

Присуството на клубот од „Сантијаго Бернабеу“ во едно од овие првенства не само што ќе го подигне нивото на шампионатот за кој станува збор, туку и ќе го подигне имиџот на Реал Мадрид и ќе му овозможи да ги зголеми своите приходи, додава Sport.es.

По последните натпревари во Примера дивизион, на кои „белиот балет“ не успеа да победи на ниту еден меч (две нерешени и еден пораз), клупската телевизија на кралскиот клуб започна сериозен напад врз судењето на спорните натпревари. По ремито 1:1 во градското дерби со Атлетико Мадрид, дури беа упатени и директни обвинувања дека судиите земале мито по крајот на натпреварот.

Слични содржини