Во Шпанија се крена врева за романсата на Шакира и Пике: Се огласи легендарниот голман

од Nikola Popovski

Во Шпанија една тема е апсолутен фокус на сите медиуми. Објавено е дека Икер Касиљас и Шакира се во врска.

Неодамна неколку сериозни шпански медиуми ја објавија оваа информација, која беше сосема неочекувана бидејќи Шакира раскина со Жерард Пике, фудбалерот на Барселона, додека Касиљас претходно се разведе од познатата шпанска водителка Сара Карбонеро.

Гласините дека Касиљас се гледа со Шакира се појавија уште во 2021 година, кога и двајцата во тоа време беа во наводно среќни врски.

Касиљас веднаш реши да излезе во јавноста и да ги демантира гласините дека е во врска со колумбиската пејачка, а на Инстаграм објави скриншотови од вестите на медиумите кои ги поврзуваат тие двајца.

Поранешниот голман напиша и навредлив израз на шпански јазик за да го покаже својот револт од обвинувањата.

Икер и Сара имаат две деца и беа во брак пет години, додека Шакира и Лике ги имаа Саша и Милан за време на нивната 12-годишна врска.

Слични содржини