Во Шпанија спасена жена која три дена била заробена во автомобил

од Nikola Popovski
56 прегледи

Жената која три дена била заробена во автомобил со безживотното тело на својата снаа била спасена во Шпанија откако ги погодила смртоносните поплави, извести во саботата тамошната спасувачка служба.

Автомобилот со преживеаната жена бил откриен во поплавен тунел кој бил блокиран со уништени автомобили. Спасувачите, вадејќи ги автомобилите, слушнале повик за помош од жена. Не можела да излезе бидејќи нејзиниот автомобил бил затрупан под други возила.

„После три дена, најдовме живо лице во автомобил“, информирал денеска шефот на цивилната заштита, Мартин Перез од градот Монкада.

Монкада се наоѓа во југоисточната провинција Валенсија, каде во поплавите загинаа повеќе од 200 луѓе. Автомобилот со преживеаната жена е откриен во местото Бенетусер.

Жената е пренесена во најблиската болница, а нејзината здравствена состојба засега не е позната.

Во моментов е во тек потрагата по стотина исчезнати лица. Според последните податоци на шпанската влада, животот го загубиле 211 лица, од кои повеќето во регионот на Валенсија.

Слични содржини