Во Штип плански ќе се решава проблемот со бездомните кучиња

од desk2
72 прегледи

Општина Штип презема активности за решавање на проблемот со прекумерна бројност на бездомните кучиња.

За таа цел, од општината стапиле во контакт со претставници на Здружението за заштита на животните „Живот“, а во моментов, во соработка со ЈП „Стипион“ и ЈП „Исар“ се разгледуваат можности за привремено решение како привремен стационар, којшто би можел да се наоѓа кај локацијата Новакова Чешма.

„Во наредниот период градоначалникот ќе преземе активности во насока на целосно и долготрајно решавање на проблемот со кучињата скитници, што го презеде како обврска со склучувањето на меморандумот за соработка со претставници на граѓанските организации“, информираат од општина Штип.

За 2018 година во рамките на своите програми, општината планира изработка на планска документација за изградба на прифатилиште за бездомни кучиња.

„Реализацијата на планираните активности општинските служби ќе ја остваруваат преку активна соработка со локалните здруженија за заштита на животните, како и нивно вклучување во управувањето и работењето на стационарите, со што се гарантира хуманост кон животните и максимална транспарентност“, стои во соопштението.