Во штипската модуларна болница во рок од 24 часа починаа четворица пациенти

од Vladimir Zorba
302 прегледи

Во штипската модуларна болница во рок од 24 часа починаа четворица пациенти, станува збор за пациенти на возраст од 66 до 89 години од Штип, Кочани и селата Лески и Подареш.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека пациентите кои се лекуваат во модуларната болница се со тешка клиничка слика, со воспаленија на двете белодробни крила и со други наоди и болести.

Во моментов во болницата од 38 пациенти, само четворица не се на кислородна поддршка.

Во кожното одделение се лекуваат осуммина и тоа се пациенти, кои се стабилизирани и за неколку дена се очекува да заминат дома.

Ѓеорѓијев посочува дека кон крајот на наредната недела се очекува да се стави во функција и Инфективното одделение, во кое се поставува современ противпожарен систем, со рана детекција за пожари и прскалки. Во зградата на Инфективното одделение ќе се лекуваат над 60 пациенти, а во истиот објект се враќа и одделот за Неврологија.

Слични содржини