Во што треба да го чувате лебот за да не се суши и мувлосува?

од Elena Daskalova
272 прегледи

Ако ви останува вишок леб, некогаш се појавува потребата да складирате поголема количина, но за жал, или пребрзо се суши или се појавува мувла.

Според некои статистики, луѓето фрлаат дури 30% од вкупната количина храна која ја купуваат, а лебот, колку и да се водиме од она „греота е леб да се фрла“ и понатаму е намирница која најчесто се наоѓа во корпата за ѓубре. Решението за тоа е соодветно да го чувате лебот.

Ако предолго стои во пластична кеса, може да се случи да добие гумена текстура, особено ако нема никаков проток на воздух во неа. Затоа и често лебовите се пакуваат во перфорирани пластични амбалажи или пак, во хартиени, но ни тие не се идеално решение.

Затоа, купениот леб е добро да го чувате во:

Затворена лимена кутија

Во оваа кутија ќе остане доволно воздух за лебот да не се расипе, но сепак да остане мек подолго време.

Платнена торба

Платнените торби се исто така добро решение, само треба да внимавате да не влегува воздух низ отворот.

Дрвена кутија за леб

Се работи за кутиите кои ги користеа нашите семејства многу одамна, кои често беа и насликани и украсени со интересни мотиви. Лебот прво ставете го во хартија или во платнена торба.

Хартиена кеса

Купениот пакуван леб префрлете го во хартиена кеса, за да остане свеж неколку дена повеќе.

Испечете го во рерна

Ако веќе лебот е многу сув, секогаш можете од него да направите нешто како пржени лепчиња, потпечени мини пици или англиски пудинг.

Слични содржини