Во шумата крај Загреб усташите го стрелаа Аугуст Цесарец…

од Vladimir Zorba
101 прегледи

На денешен ден  17 јули 

Spomenik_August_Cesarec-Osijek

1453.- Во битката кај Кастиона, Французите ги победија Англичаните. Оваа победа на Франција го означи крајот на Стогодишната војна.

1762.- Убиен е рускиот цар од германско потекло Петар Трети Фјодорович Романов, кој владееше само неколку месеци. Беше на престолот од 5 јануари 1762 до 9 јули истата година, кога беше соборен. Беше отруен по налог на сопругата, подоцна царицата Катарина Велика.

1790.- Во Единбург умре Адам Смит, најпознат претставник на англиската класична политичка економија. Ги напиша делата “Теорија на моралните чувства” од областа на етиката, “Истражување за природата и причините за богатството на народот” од областа на економијата. Роден е на 5 јуни 1723 година.

1821.- Шпанија се откажа од Флорида во корист на САД.

1862.- Во САД стапи во сила Законот за ослободување на црнците-робови. Тогаш околу 190.000 поранешни робови од територијата на југот на САД стапија во редовите на федералната армија.

1899.- Роден е американскиот филмски актер Џејмс Кегни, уметник со несекојдневна енергија и експресивност. Филмови: „Државен непријател“, „Грешников одмор“, „Победникот зема се“, „Сон на летната ноќ“, „Оклахома Кид“, „Јанки Дудл Данди“ (Оскар, „Крв на сонце“, „Цена на славата“, „Човек со илјада лица“, „Еден, два, три“, „Регтајм“.

1912.- Умре францускиот математичар, физичар и филозоф Жил Анри Поенкаре, кој пред Алберт Анштајн ја заснова специјалната теорија за релативност. Објави повеќе од 500 математички трудови, а изучуваше хидродинамика, астрономија, теориска и математичка физика, ја разви електромагнетската теорија на светлината, електрицитетот. Во филозофијата се бавеше со теорија на науката. Објави 32 книги. Дела: „Наука и хипотеза“, „Вредноста на науката“, „Наука и метода“.

1936.- Франциско Франко, шпански диктатор, ги поведе своите трупи против Републиканската армија на премиерот Асано. Тоа беше почеток на Шпанската граѓанска војна, која набрзо прерасна во борба на демократските сили против фашизмот.

1941.- Во шумата крај Загреб усташите го стрелаа Аугуст Цесарец, истакнат хрватски револуционер и писател. Ги напиша делата „Судете ми“, „Царево кралство“, „Тонкината единствена љубов“ , „Синови на татковината“ и други. Роден е во Загреб, на 4 декември 1893 година.

1945.- Во Подсдам, во близина на Берлин, лидерите на трите големи сили – Сталин, Черчил и Труман – се согласија да расправаат за судбината на Германија која капитулира. На конференцијата се склучени неколку спогодби: да се формира совет на министри за надворешни работи од СССР, Велика Британија, САД, Кина и Франција, кој требаше да предложи решенија за територијалните прашања, да се спроведе контрола на разоружувањето и на демилитаризирањето на Германија, укажување на фашистичките закани и казнување на злосторниците, контрола на наставата и на судството и децентрализација на Германија.

1965.- Американските бомбардери од типот “Б-52” познати под името “летачки тврдини” од базата Гуам за првпат ги бомбардираа целите на територијата на Виетнам.

1969.- Во Скопје умре Нестор Алексиев Мирчевски, резбар, последен од големата тајфа македонски резбари, врвен мајстор во резбарање на дрво и на мермер. Зад себе остави големо дело кое може да се сретне во резбарените иконостаси во Македонија и во другите балкански држави. Во 1939 година ја освои првата награда на Светската изложба на уметничко занаетчиство во Берлин. Роден е во селото Осој, Дебарско, на 25 март 1873 години.

1975.- Во орбитата околу Земјата се споија советскиот вселенски брод „Сојуз 19“ и американскиот „Аполо 18“, а командантите на леталата Алексеј Леонов и Том Стафорд се ракуваа и си разменија честитки, при што Русинот зборуваше на англиски, а Американецот на руски јазик.

1976.- Умре Вељо Личеноски, прв филмски монтажер во Македонија, еден од основоположниците на македонскиот филм и еден од најистакнатите режисери на ТВ Скопје. Роден е во 1930 година.

1984.- Лансиран е советскиот вселенски брод “Сојуз 12”. Членот на екипажот Светлана Савицкаја стана прва жена која “прошета” во вселенскиот простор надвор од леталото.

1987.- Франција ги прекина дипломатските односи со Иран.

1993.- Во Будимпешта, деветте земји-членки на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), ја примија Република Македонија како полноправна, десетта членка на оваа асоцијација.

1994.- Бразил на Светското првенство во фудбал во САД ја освои четвртата шампионска титула, што дотогаш на никој не му успеа.

1995.- Умре аргентинскиот автомобилски ас Хуан Мануел Фанџо, кој беше петпати светски шампион во „Формула – 1“. Беше прв во светот во 1951, 1954, 1955, 1956 и во 1957 година.

1998.- Џиновски бранови – цунами, предизвикани од силниот земјотрес во пацифичкото подморие на лице место избришаа шест села на севернозападниот брег на Папуа Нова Гвинеја, усмртувајќи повеќе од 3.000 луѓе.

2005.- Умре поранешниот премиер на Велика Британија сер Едвард Хит, во чиј мандат од 1970 до 1974 година, Британија влезе во Европската економска заедница, денешна Европска унија.

2006.- Умре американскиот писател Мики Спилејн, автор на серии романи за приватниот детектив Мајк Хамер. Роден е во 1918 година во Бруклин (Њујорк). Неговите книги се продадени во повеќе од 100милиони примероци ширум светот, а се снимени мноштво филмови и телевизиски серии.

2007.- Умре актерот Михаил Канонов, руски народен уметник. Сними повеќе од 50 филмови, а дебитираше во филмот на Иван Пирјев „Зеднички другар“. Публиката го запамети по филмовите „Почеток“, „Андреј Рубљов“,  „Голема промена“, „Збогум и прости“. Последната улога ја одигра во телевизиската серија „Во првиот круг“, снимена според романот на Александар Солжењицин.

2009.- Умре Волтер Кронкајт, американски новинар. Беше еден од најценетите радио/ТВ новинари во светот, догогодишен уредник на Си-Би-Ес.

Избор МИА