114
Полицијата во јужниот дел на Швајцарија уапсила двајца баратели на азил од Тунис, под сомневање дека се поврзани со странски екстремисти.
Како што се наведува во соопштението на швајцарската сојузна полиција, апсењето на Тунижаните било извршено пред два дена во гратче во близина на Италија. Тие се уапсени поради потенцијална опасност по безбедноста и се поврзани со терористички активности во странство.
Нивното апсење следи еден ден откако италијанските власти објавија дека уапсиле Тунижанец кој се борел во Сирија, а за кого се веруваа дека бил радикализиран од постариот брат, кој на 1 октомври со нож убил две жени во Марсеј.