
Во Шведска во последните 24 часа се регистрирани 232 нови случаи на заразени со коронавирус, што е најмал број на нови случаи во еден ден од 27 март.
Уште осум лица починаа, со што вкупната бројка на смртни случаи достигна 4.403, јавува Гардијан, додавајќи дека иако шведските власти не соопштија каква е состојбата за изминатиот викенд, очигледно е дека бројот на случаи се намалува.
Шведска е една од ретките земји што одлучи да не воведе строги карантински мерки за спречување на ширење на болеста и која само препорача социјално дистанцирање и основна хигиена, па токму затоа е критикувана нашироко за спроведување на „опасен експеримент“.