
Од сириски ракетен комплекс С-200В „Вега-Е“, во средината на октомври над небото на Либан била истрелана ракета кон најновиот израелски борбен-авион ловец F-35, кој ја избегнал и го напуштил воздушниот простор на земјата, соопшти vestnik-rm.ru.
За тоа зборуваат воени експерти кои детално ги проучиле појавените интернет сателитски слики на позициите на 16-та бригада за ПВО, сместена недалеку од авиобаза Думејр во реонот на Дамаск.
Судејќи според сè, сите капацитети за лансирање останаа цели, вели vestnik-rm.ru. Можно е сепак Израелците да ги уништиле антените, а не целта.
Сепак тие за кратко време можат повторно да се вратат во целосна борба готовност.
Сега Сирија има околу 50 такви комплекси C-200ВЕ. Испораките од СССР започнале во 1984 година и продолжиле до 1988 година.
исто така биле испратени и 144 Б-880Т проектили-ракети. Овие комплекси сè уште можат да им обезбедат многу проблеми на потенцијалните агресори.