Во сите 265 избирачки места во Тетовско гласањето се одвива непречено

од desk4

Општинските изборни комисии во Тетовско добиле потврда од вкупно 265 избирачки места дека гласањето во вториот круг од Претседателските избори е започнато во 7 часот и се одвива во најдобар ред. Во шесте општини во овој регион можност за гласање ќе имаат вкупно 181.933 граѓани со право на глас.

-Контактирано е со сите избирачки места и од сите е добиена информација дека гласањето е започнато навремено уште во 7 часот. Секаде се одвива непречено, веќе се бележат и првите гласачи, а за излезноста ќе имаме податоци по 10 часот, изјави Артан Адеми, претседател на ОИК Тетово.

Општина Тетово има најмногу, 83.367 гласачи, распределени на 117 избирачки места. Во Боговиње има 27.501 гласач и 38 избирачки места. Општинска изборна комисија Желино има 23.510 гласачи, а бројот на избирачки места е 35.

Теарце брои 22.116 гласачи и 30 избирачки места. Во Брвеница на 24 избирачки места каде ќе може да гласаат 15.268 граѓани. Најмала по бројност е општина Јегуновце каде што се регистрирани 10.171 гласач и 21 избирачко место.

Слични содржини