Во Скопје герила акција , народ во Битола , Велес…

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Вчера во Скопје немаше антивладини протести  и демонстрации но сепак имаше протест, во форма на герила акција , која предизвика големо внимание на социјалните мрежи. Во пресрет на денешниот ден на спомениците, на спомениците од „Скопје 2014“ беа закачени пароли во СТИЛОТ НА ПРОГОВОРИ и историјата на ликот,  врзани за денешен контекст. Галеријата подолу кажува се .

13051684_10208825823514119_3359098824010005910_n

Сепак протеести по улиците имаше во другите градови на републиката13051586_10208825823394116_1251706944407724755_n

Сепак во Велес и Битола граѓаните излего на улица. Демонстрантите и полицијата се судрија за време на протестите во Битола. Тогаш, од зградата на општината истрчале припадници на Единицата за брзо распоредување и се втурнале кон демонстрантите, информира Цивил.Раководните лица од битолската полиција брзо ја смириле ситуацијата, а дел од демонстрантите раскажуваат дека битолските полицајци им довикувале на демонстрантите: „И ние сме со вас!“, дидека јајца и кеси со боја летале кон општинската зграда.bitola3-500x330

Протестите во Битола се во знакот на „граѓанското апсење“ на градоначалникот Владимир Талески. Веќе долго време трае револтот и незадоволството од владеењето на градоначалникот Талески против кого и Специјалното јавно обвинителство води истрага за тешки злоупотреби и криминал.

#Протестирам со герила акција врз спомениците во Скопје

Според набљудувачите на ЦИВИЛ, протестите во Битола и денеска биле спонтани, односно никој не стои официјално за нивната организација.

Според информациите кои ЦИВИЛ ги добива од терен, 40 специјалци од Прилеп биле испратени во Битола. Полициско засилување во Битола пристигнало и од Ресен, Демир Хисар и Дебар.

Влера и Велешани  енергично излегоа  на улиците на  протест

 

:„Еве ви го народот…“ „Нема правда, нема мир“, “Оставка“, „Убијци“, „Поддршка за СЈО, поддршка за Катица“ беа паролите што одекнуваа вечерва од грлата на велешани додека чекореа во протестната поворка од фонтаната кај Авона до амфитеатарот на Младински парк.

На ваков начин граѓаните го изразија својот револт чекорејки по главната улица „Благој Ѓорев“ потоа по „8 септември“ до плоштад Сармаале и застанаа пред просториите на ОК на ВМРО ДПМНЕ каде и покрај силното полициско обезбедување скандираа „Оставка, оставка“, „Излези Илија“ и „Еве го народот“ за потоа да се упатат по гладните улици кон Младинскиот парк.

Попатно голем број на граѓани кои пешачеа по тротоарите се приклучуваа на колоната со демонстранти додека оние кои стоеја на терасите аплаудираа и извикуваа „Браво“

Протестите продолжуваат  утре, во СКОПЈЕ и во повеќе градови  со почеток во 18 часот.