Во Скопје ќе се вози осмомартовско женско рели

од Vladimir Zorba
431 прегледи

По повод 8-ми март, Светскиот ден на жената, дамите и годинава ќе можат да возат ревијално женско рели, во организација на Автомобилистичката федерација на Северна Македонија (АФСМ) и клубовите членки на АФСМ.

Во недела на 6 март, со почеток во 9 часот, на паркингот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, учесничките ќе возат во две етапи: Возење по зададена рута од 12 км низ улиците на Скопје и задолжително поминување низ контролни точки, како и вешто возење т.н гимкана.
Учеството е бесплатно а единствено потребни се исправно возило, возачка дозвола, сообраќајна исправа и жена совозач.

За сите учеснички предвидени се награди од организаторот и покровителите на настанот.
Заинтересираните можат да се пријават на следниот линк или на Фејсбук страната на Автомобилистичка федерација на Македонија.

Релито ќе се одвива со почитување на сообраќајните ограничувања и препораките за заштита од Ковид-19.

Слични содржини