121
Во Скопје денеска се славеше денот на албанското знаме. Kолона од стотина возила, придружувана од страна на полицијата, со развиорени албански знамина тргна од средно Водно и се движеше кон централното градско подрачје. Граѓаните кои се најдоа во овој дел од Скопје сведочат дека движењето во двата правци било целосно блокирано.
На видеа од прославата објавени на социјалните мрежи се слушаа и рафални пукотници.